Новитетите кои Google ги претстави оваа недела, се однесуваат на резултатите од пребарувањето и приказите во мапите.
Google најави некои нови опции кои ќе го подобрат пребарувањето во веб-прелистувачот на компанијата, како и оние кои ќе овозможат уште подобра навигација на нивните мапи.
Со овие новитети, Google сака да ги задржи корисниците на својот пребарувач и мапи што е можно подолго, бидејќи колку повеќе време поминуваат на нивните страници користејќи ги нивните услуги, толку повеќе Google ќе заработува од рекламирањето.
Како што покажа неодамнешното истражување, сè повеќе млади луѓе не ги бараат информациите што ги интересираат на Google, туку на TikTok и Instagram, па затоа Google сака да ги направи резултатите од пребарувањето попривлечни, во некои случаи додавајќи видео записи и слично.
При пребарување на градови на Google, на корисниците во иднина ќе им се прикажуваат дополнителни резултати, како што се историјата на тие градови, плажите, културните содржини и слично.
Ќе можат да се гледаат и „визуелни приказни“ и видеа на луѓе кои ги посетиле тие градови, а ќе им бидат прикажани и разни совети за местата што треба да ги посетат и интересни работи што можат да ги прават во овие градови.
Друга интересна иновација се однесува на опцијата за „вибрации“ на градовите, или населбите во градовите. Ќе им овозможи на корисниците поблиску да запознаат делови од градот, рестораните и кафулињата, со цел подобро да ја почувствуваат нивната атмосфера, па ќе можат да добијат впечаток дали тој дел од градот е можеби уметнички или, на пример, дали доминираат ресторани и слично.
Со оваа опција, корисниците ќе можат да дознаат некои други информации кои би можеле да им бидат важни, а се заснова на многу податоци кои Google ги собирал низ годините, па корисниците ќе можат да откријат каква гужва можат очекуваат во тој ресторан во одредено време, а ќе видат и податоци за временските прилики и слично.
Меѓу другите интересни работи кои Google ги претстави, треба да се спомене и новитетот на мапите, благодарение на кој ќе можеме да уживаме во воздушни снимки на бројни познати градби и споменици, како и во таканаречениот „имерзивен преглед“, кој ќе комбинира воздушен поглед на областа со дополнителни информации како температура, посетеност, сообраќајни метежи и слично.