Јаглеродниот отпечаток на ископувањето на Биткоин се зголеми за 126 пати за само пет години, од 0,9 тони CO2 по монета во 2016 година на 113 тони CO2 во 2021 година.
Еколошките трошоци за ископување на дигиталната криптовалута Биткоин се поспоредливи со климатските штети од производството на говедско месо отколку со трошоците за ископување злато, според анализата штотуку објавена во списанието Scientific Reports. Наместо да се опишува како „дигитално злато“, пишуваат авторите, Биткоинот всушност треба да се споредува со многу поенергетски интензивни производи како што се говедско месо, природен гас или сирова нафта.
Економски штети
Во декември 2021 година, Биткоинот имаше пазарна вредност од приближно 960 милијарди американски долари, со приближно 41 отсто од пазарен удел на глобалниот пазар меѓу криптовалутите. Иако е познато дека е енергетски интензивен, размерите на климатските штети на Биткоинот – а се работи за проценка на финансиска штета од емисиите на јаглерод и влијанието на климатските промени на стопанството – не се сосема јасни.
Авторите на студијата ги презентираа економските проценки за климатските штети од рударeweto на Биткоин помеѓу јануари 2016 и декември 2021 година. Во 2020 година, рударeњето на Биткоин користеше 75,4 терават часови, што е поголема потрошувачка на енергија од Австрија (69,9 TWh/година-1) или Португалија (48,4 TWh/година-1).
Климатски штети
Климатските штети од рударењето на Биткоин беа проценети според три критериуми за одржливост: дали проценетите климатски штети се зголемуваат со текот на времето; дали пазарната цена на Биткоинот ги надминува економските трошоци за климатските штети; и како климатските штети по ископана монета се споредуваат со климатските штети на другите сектори и стоки.
Јаглеродниот отпечаток се мери во тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e). Овој концепт овозможува да се споредат ефектите или климатските влијанија на концентрациите на различните стакленички гасови во однос на една единица CO2.
Истражувачите пресметаа дека CO2 од ископувањето биткоин се зголемило за 126 пати за само пет години, од 0,9 тони CO2 по монета во 2016 година на 113 тони CO2 во 2021 година. Пресметките сугерираат дека секој биткоин ископан во 2021 година генерирал 11.314 долари во климатска штета, со вкупна глобалната штета која надминува 12 милијарди долари.
Штетите го достигнаа врвот на 156% од цената на монетата во мај 2020 година, што сугерира дека секој долар од пазарната вредност на Биткоин доведува до глобална климатска штета од 1,56 долари.
Климатски штети од рударење
Конечно, авторите ја споредиле климатската штета од рударењето на Биткоин со штетата од другите индустрии и производи како што се производство на електрична енергија, рафинирање на сурова нафта, земјоделско производство на месо и ископ на благородни метали.
Климатските штети за биткоинот биле во просек 35% од неговата пазарна вредност помеѓу 2016 и 2021 година. Тоа било помалку од климатските штети во споредба со пазарната вредност на електричната енергија произведена со природен плин (46%) и бензин произведен од сирова нафта (41%), но повеќе од производството на говедско месо (33%) и ископувањето злато (4%).
Авторите заклучуваат дека Биткоинот не исполнува ниту еден од трите клучни критериуми за одржливост според кои е проценет и дека се потребни значајни промени, вклучително и потенцијална регулатива, со цел рударењето на Биткоин да стане одржливо.