DxOMark спроведе опсежно тестирање на камерата на iPhone 14 Pro и го стави на импресивно второ место на своето глобално рангирање
Apple ја претстави новата iPhone 14 серија на настанот Far Out на почетокот на септември, истакнувајќи ги особено Pro моделите. Освен додавањето на Dynamic Island и новиот A16 Bionix чипсет, iPhone 14 Pro може да се пофали со подобрен хардвер на камерата, што на DxOMark тестот му донесе импресивни резултати.
Имено, според резултатите на DxOMark, iPhone 14 Pro освои 146 поени на тестот за камерата и со тоа го заслужи второто место на глобалното рангирање. Пред него е само Honor Magic4 Ultimate, кој има „Eye of Muse“ на задната страна со четири камери – две од 50 MP и две од 64 MP.
Иако iPhone 14 Pro за малку не успеа да ја освои титулата смартфон со најдобра камера според DxOMark, тој ја однесе круната за видео перформанси и перформанси на предната камера со 145 освоени поени.
Како што наведуваат од DxOMark, фотографиите со предната камера обезбедуваат одличен динамички опсег, експозиција и ефект на бокех. Тие се полни со детали, а тоновите на кожата се прецизни, освен ако не станува збор за попребирливи услови на осветлување. Сепак, се истакнува дека шумот е забележлив на фотографиите и видеата во повеќето услови.
Кога станува збор за видео перформансите, DxOMark наведува дека iPhone 14 Pro има подобрена „мазност, повторливост и флуидност на транзициите“. DxOMark ја пофалиј стабилизацијата и посочи дека автоматскиот фокус е сигурен и прецизен. Истакно е и дека имплементацијата на Apple на Quad-Bayer сензорот за слика, дава многу поквалитетни резултати и перформанси.
Подетални информации за тестирањето на камерата на iPhone 14 Pro се достапни на официјалната веб-страница на DxOMark.