Интервју со Д-р Жизел Бејкер, Потпретседател за глобален научен ангажман во компанијата Филип Морис Интернешнл
За пушачите кои не сакаат да се откажат, дали преминувањето на помалку штетни алтернативи е подобар избор отколку да продолжат да пушат цигари или не?
Мислам дека можам да одговарм потврдно. Знаеме што се случува кога луѓето пушат, знаеме дека нивоата на хемикалии се зголемуваат во цигарите, така што внесувањето на се повеќе и повеќе токсични хемикалии во вашето тело, 10-20 пати на ден, секој ден во следните 10 години е полошо од внесување помалку.
Која е логиката зад задржувањето на никотинот во алтернативните производи? Зошто не можеме целосно да се ослободиме од него?
Мислам дека луѓето пушат заради никотинот, а за да имате влијание на ниво на популација не ви треба само да ги намалите токсичните хемикалии во производот, туку треба и да ги натерате луѓето да се префрлат на производите и да останат со производите. На тој начин, треба да испорачате нешто што се подготвени да го пробаат и ќе ги задоволи доволно за да го користат секој ден, со цел да се откажат од цигарите. Значи, некои луѓе целосно ќе се оддалечат од никотинот, но за оние луѓе кои не можат да се откажат од пушењето и никотинот, потребно е да се понуди алтернативен производ со многу помалку токсини, кој ќе ги оддалечи од цигарите и чадот.
Во моментов сте Потпретседател за глобален научен ангажман во компанијата Филип Морис Интернешнл, каде што водите тим на талентирани научници, кои се ангажирани и ја споделуваат науката зад производите без чад на Филип Морис, за да ја олеснат свеста и разбирањето за намалувањето на штетите од тутунот. Колку расте свеста за ова кај пушачите?
Навистина сме фокусирани на науката. Кога станува збор за потрошувачите, не го користиме еден-на-еден ангажманот од научен аспект. Јас сум дел од работната група за поткрепување докази и одговорни сме пораките што ќе стигнат до потрошувачите да бидат точни и поддржани од науката, а ние изготвувавме студии за да се осигураме дека луѓето нема да бидат доведени во заблуда. Постојат многу работи и многу начини, за кои можете да кажете нешто што може да биде точно, но може погрешно да биде разбрано од потрошувачите, и важно е да ги споиме парчињата. На пример, сакаме да бидеме сигурни дека сите знаат дека овој производ има никотин. Дека никотинот предизвикува зависност, но тоа не значи дека ако користите различен никотин, дека тој некако нема да предизвикува зависност. Овој производ содржи помалку токсични материи, но не е без ризик, и треба да се погрижиме луѓето да го разберат ова и да можат да донесуваат информирани одлуки за себе и за своето здравје.
Велите дека постои наука зад алтернативните тутунски производи на Филип Морис. Но, сепак, постојат многу скептични ставови за овие производи. Како жена во науката, која би била вашата порака до пушачите?
Најпрвин, скептицизамот е здрав во сите области, и секако и во науката. Очекувам луѓето да поставуваат прашања за да нурнат и да извлечат податоци, да се види дали се одржани, бидејќи тоа е она што научниците треба да го прават и тоа е она што би требало да го сакаат. Мислам дека денес сме на место каде што науката и научното тело се градат. Постои историја на тутунската индустрија, поради која мислам дека скептицизмот станува можеби малку поемотивен или потежок да се надмине, но тука е научниот ангажман, каде што во прв план имаме прилика да ја искористиме науката, за да видиме што нашите научници преземаат секојдневно и навистина да ги ангажираме луѓето и да се предизвикаме себеси во работите што можеби сме ги пропуштиле и да осигураме дека науката ќе ги поткрепи. За пушачите мислам дека е важно да знаат дека се работи на наука и дека нашиот производ се подобра алтернатива. Тоа значи дека овие производи се различни, и тоа различни во позитивна смисла, и мислам дека овие пораки се важни за потрошувачите да ги разберат. Верификацијата на науката е она што ја прави науката вредна не само во поглед на тутунот и пушачите, туку за целокупното јавно здравје, без разлика дали се работи за пандемијата, епидемиологијата или тутунот, или дали зборувате за промени во животниот стил. Познавањето на науката за да се разберат нештата и уверувањето дека пораките се одразуваат, се важни за луѓето да го искористат тоа знаење на корисен начин.