Откако протекоа рендери од Samsung Galaxy S23 и Galaxy S23+ смартфоните, кои откриваат промена во дизајнот, се појавија и рендери од најмоќниот претстоен модел Samsung Galaxy S23 Ultra. Најновите фотографии објавени од доверливиот дојавувач OnLeaks ги потврдуваат досегашните гласини дека Galaxy S23 Ultra ќе пристигне со речиси идентичен дизајн како и претходникот.
Она што е променето е што двата помали прстени на камерата на задната страна немаат никакви испакнатини. Екранот е помалку заоблен во споредба со S22 Ultra, бидејќи металната рамка е малку порамна од двете страни.
My God, the S23 Ultra is so beautiful!
via @OnLeaks pic.twitter.com/XMk71DHQp1— Ice universe (@UniverseIce) September 28, 2022
Исто така, долниот раб на моделот Galaxy S23 Ultra се чини дека има дополнителен микрофон. Исто така, дисплејот има симетрични и исклучително тенки рамки. Освен споменатите промени, S23 Ultra изгледа идентично со S22 Ultra.
Galaxy S23 Ultra би требало да има димензии 163,4 x 78,1 x 8,8 мм, додека S22 Ultra има димензии 163,3 x 77,9 x 8,9 мм. Исто како и неговиот претходник, S23 Ultra ќе има 6,8-инчен дисплеј. Телефонот треба да има и главна камера од 200 MP, а ќе се напојува со чипсет Snapdragon 8 Gen 2. Останатите спецификации треба да бидат исти како кај моделот S22 Ultra.
Нови рендери од Samsung Galaxy S23 откриваат значајна промена во дизајнот