Се чини дека Samsung Galaxy A14 нема да донесе многу видливи промени во однос на неговиот претходник. Очигледно ќе биде малку подебел и ќе има Infinity-U екран
Популарната А-серија смартфони на Samsung наскоро ќе добие уште еден уред од ниска класа. Станува збор за моделот Galaxy A14, кој според досегашните информации треба да излезе на пазарот во наредните месеци.
Популарниот дојавувач OnLeaks во соработка со порталот GizNext објави рендери од Galaxy A14 и го откри неговиот изглед. За разлика од Galaxy A13 кој доаѓаше со Infinity-V екран, A14 ќе има Infinity-U дисплеј. Со други зборови, наместо отвор во екранот во форма на буквата „V“, новиот модел ќе има отвор во облик на буквата „U“.
Од задната страна има препознатлив систем од три камери, до кои се наоѓа блицот. На десната страна се наоѓаат копчето за зголемување и намалување на јачината на звукот и копчето за вклучување и исклучување, кое има и функција на читач за отпечатоци. На левата страна се наоѓа отворот за SIM картичка, додека на долната страна е USB-C портот, 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки, микрофонот и звучникот.
Иако сè уште не се познати точните спецификации, се наведува дека Galaxy A14 ќе има голем дисплеј од 6,8 инчи со FullHD+ резолуција. Покрај тоа, тој ќе биде 0,5 милиметри подебел од моделот А13, па се претпоставува дека и капацитетот на батеријата ќе биде нешто поголем.