Cooler Master MM712 освен што се одликува со безжични функции, може да се поврзе и жично со помош на Ultraweave кабел
Cooler Master неодамна претстави ново гејмерско глувче, MM712, кое доаѓа во две бои – црна и бела. Имено, станува збор за лесен маус, кој всушност е подобрен наследник на популарниот модел MM711.
Без никакви физички измени на куќиштето, MM712 тежи само 59 грама. Содржи батерија од 500 mAh, која според Cooler Master, обезбедува до 181 час користење преку Bluetooth 5.1 и до 80 часа кога е поврзан преку безжична врска од 2,4 гигахерци без RGB осветлување. Глувчето може да се користи и жичано со помош на кабелот Ultraweave на компанијата.
MM712 има две оптички макро копчиња, кои користат ласерски сензори за откривање на притисок. Дополнително, тој е опремен со оптички сензор Pixart PAW3370 од 19.000 DPI, чија чувствителност може да се прилагоди во реално време, во зависност од режимот или типот на играта. Инаку, глувчето има „нозе“ од политетрафлуороетилен (PTFE), што според Cooler Master треба да придонесе за неговата издржливост.
Конечно, треба да се напомене дека MM712 има RGB осветлување, кое може да се прилагоди во реално време користејќи одредени комбинации на копчиња или софтверот MasterPlus+. Глувчето ќе биде достапно за купување овој октомври, по цена од 73 евра.