Една од главните иновации во Pro моделите од iPhone 14 серијата е Dynamic Island, засек во екранот во кој се сместени сензорите за селфи камерата и Face ID. Околу него има и специфични графички ефекти кои се импресивни.
Сега дознаваме дека оваа одлука е резултат на долгогодишни дискусии во компанијата. Откриваме повеќе за новиот развој од Алан Дај, потпретседател за дизајн на човечки интерфејс и Крег Федериги, главниот човек за софтвер во компанијата
Дај вели дека компанијата со години планирала да го намали модулот (notch) и имало бројни дискусии за тоа како тоа би можело да се постигне. Ова се случило и паралелно со потребата да се постигне покреативен пристап со статусната лента.
Федериги се осврна и на премиерата на iPhone X, истакнувајќи дека оваа промена е најголемата за iOS оперативниот систем оттогап . Тој додава дека пред пет години бешп отстрането Home копче, со што радикално се променија голем број елементи на работа со уредот.