Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк креираше нов производ наречен „За чиста10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги кој на идните академски граѓани им нуди низа поволности и бенефиции. Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сèшто е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.
Со ексклузивниот пакет „За чиста 10-ка“ секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водењетрансакциска сметка. Со станување корисник наелектронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлање средства, со еденклик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ наХалкбанк без употреба на картичка и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон. Мобилната апликација HalkPay нуди и преглед на извршени трансакциии поддржува 4 различни јазични верзии (македонски/англиски/албански/турски).
Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќањеGarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќањесо паметен часовник.
Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ епрепознатлива на пазарот како општествено одговорнакомпанија посветена кон зголемување на општото добро, залуѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Халкбанк е и еко ориентирана компанија којаприменува бројни еко политики и реализира активности во насока на поттикнување здрави животни навики и заштитана животната средина.
Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.