На Facebook не му оди најдобро во последно време, па компанијата одлучи да згасне некои апликации кои не се толку популарни и да се фокусира на своите главни услуги.
Така, социјалната мрежа одлучи да го ажурира својот примарен Facebook Feed, за да им овозможи на корисниците да гледаат повеќе или помалку објави од пријатели, групи или страници.
За возврат, ова ќе овозможи повратните информации од корисниците да се имплементираат во рангирањето на фидот, со што вештачката интелигенција на Facebook ќе биде попаметна и поодговорна.
Во моментов, апликацијата Facebook ви дозволува само да ги скриете објавите на луѓето кои корисникот ги следи или оние објави кои се препорачани. По промените, новата поставка ќе овозможи опции „покажи повеќе“ или „покажи помалку“ за некои содржини.
На овој начин, покрај подобрувањето на содржината на fidot на корисникот, ќе се подобри и AI системот што се користи за рангирање на Feed.
Покрај горенаведеното, Facebook тестира и глобално мени за прилагодување на бројот на објави што корисникот ги гледа од пријателите и семејството, или групите и страниците. За таа содржина ќе може да се изберат опциите: „Нормално“, „Прикажи повеќе“ или „Прикажи помалку“.



