Цената на Pixel Watch (Wi-Fi верзија) во Европа изнесува 350 евра, додека моделот LTE ќе чини 430 евра
Покрај новата Pixel 7 серија смартфони, Google денеска го претстави и Pixel Watch. Паметниот часовник е достапен во две верзии – Wi-Fi и LTE, но само во една големина од 41 mm. Екранот на часовникот е со големина од 1,2 инчи и достигнува 1000 нита осветленост за видливост на отворено. Заштитен е со Gorilla Glass 5 заштита. Часовникот е во облик на купола со едно физичко копче на десната страна, а изработен е од нерѓосувачки челик.
Содржи сензор за следење на отчукувањата на срцето и сензор за ЕКГ. Google разви попрецизни алгоритми за следење на здравјето, па часовникот ќе им сугерира на корисниците што да прават, на пр. одмор, пешачење итн. Часовникот се одликува и со 5ATM сертификат, што значи дека можете да пливате со него.
Pixel Watch го покренува Exynos 9110 чип, кој е поврзан со пристојни 2GB RAM. Часовникот работи со оперативниот систен Wear OS 3.5, а од американската компанија не го прецизираа капацитетот на батеријата, но тврдат дека ќе трае околу 24 часа.
За поврзување, како што споменавме во воведот, часовникот има LTE и Wi-Fi верзии. Првиот е наменет за оние кои сакаат да го користат часовникот без телефон, а има и Bluetooth 5.0 и поддршка за NFC. Во кутијата со часовникот се наоѓа и ременот Аctive, но има неколку опции на бои.
Цената на Google Pixel Watch (Wi-Fi верзија) во Европа изнесува 350 евра, додека моделот LTE ќе чини 430 евра. Оние кои однапред ќе го нарачаат Google Pixel 7 Pro телефонот ќе го добијат овој часовник бесплатно.
Вреди да се напомене дека Pixel Watch доаѓа со шесе месеци бесплатно користење на Fitbit Premium планот, како и три месеци YouTube Premium бесплатно.