Се работи за досега непознат и нов алтернативен читач на PDF документи, кој за разлика од многу други програми, се издвојува првенствено со усвојување на филозофијата на минимализмот, а потоа и со обезбедување одлични перформанси и комбинирање на неколку практични опции
MJ PDF Reader е убаво направена апликација со отворен код која е специјализирана за читање PDF документи директно на вашиот паметен телефон. Не нуди некои раскошни функции како некои други апликации со иста намена.
Сепак, ова не е навистина неопходно, бидејќи за повеќето, она што е далеку поважно е токму она во што е оваа апликација доста добра, а тоа се солидните перформанси и непреченото функционирање. Се издвојува и со минималистичкиот интерфејс, а корисно е и тоа што има модалитет за читање документи на целиот екран, при што се кријат копчињата и сите елементи, со цел читањето да биде уште попријатно.

Дополнително, апликацијата може да ја запомни последната отворена страница во PDF документ, а има и опција да го држите вклучен екранот на паметниот телефон, што може да биде многу практично. Ја поддржува и темната тема, така што е погодна за читање во услови на слаба осветленост, а има и некои експериментални функции (пребарување PDF фајлови и читање PDF фајлови како што нудат е-читачите).
Документите може да се споделуваат, има и поддршка за обележувачи, поддршка за печатење документи на печатач, опција за зумирање, копирање текст од PDF и уште неколку ситници. Друга предност е фактот што MJ PDF Reader е со отворен код (FOSS), па може да се користи без никаква наплата, а мора да се признае дека чувството за читање и листање на страници во PDF документите е одлично и дека апликацијата работи прилично непречено.
Апликацијата MJ PDF Reader може бесплатно да се преземе на Play Store за Android уредите

