Според сите најави, Sony заврши со претставување на своите телефони за оваа година. Сепак, на Geekbench се појави нов, но мистериозен смартфон на Sony.
Geekbench е одлична платформа кога сакаме да видиме што можеме да очекуваме од новите модели во претстојниот период, бидејќи телефоните се појавуваат на листата до неколку месеци пред да бидат претставени. Во овој случај, новиот уред на Sony би можел да биде и модел за следната година.
Листата на Geekbench открива некои карактеристики на смартфонот, така што уредот го има бројот на модел XQ-DS99, а познати се и чипсетот, капацитетот на меморијата и верзијата на Android на која работи.
Телефонот се очекува со чипсет Dimensity 8000, од тајванската компанија MediaTek, а чипот е поврзан со 12 GB меморија. Претпоставка е дека телефонот ќе има и опции со помала RAM меморија.
Врз основа на споменатиот чипсет, претстојниот уред на Sony би можел да биде дел од горниот среден сегмент, а ќе работи на оперативниот систем Android 12.
Тоа се засега сите познати детали за уредот, а се очекува во наредниот период да дознаеме повеќе детали за овој мистериозен смартфон на Sony.