Напаѓачите го искористија пропустот во cross-chain врската, добија пристап до токените на Binance BNB и украдоа помеѓу 100 и 110 милиони долари.
Нов грабеж во светот на криптовалутите ја погоди најголемата светска берза за криптовалути Binance. Тоа го потврдија од самата компанија, а некои дополнителни детали објави и нивниот сопственик Чангпенг “CZ” Жао. Хакерите успеаја да упаднат во нивниот систем што ги спојува двата блокчејна, „cross-chain bridge” BSC Token Hub и оттаму да украдат голема количина на дигитални токени на Binance BNB. Вредноста на хакирањето е официјално помеѓу 100 и 110 милиони долари.
CZ вели дека нападот бил запрен многу брзо, а имотот на сите корисници е безбеден. Од компанијата велат дека веќе трагаат по дел од украдените жетони, па замрзнале вредност од околу 7 милиони долари. Блокчејнот на кој егзистира BNB токенот, BNBchain, веднаш беше ставен во состојба на одржување, што значи дека привремено биле запрени сите исплати и уплати, додека не се реши безбедносниот проблем.
An exploit on a cross-chain bridge, BSC Token Hub, resulted in extra BNB. We have asked all validators to temporarily suspend BSC. The issue is contained now. Your funds are safe. We apologize for the inconvenience and will provide further updates accordingly.
— CZ 🔶 Binance (@cz_binance) October 6, 2022
Нападот се случил синоќа по македонско време, а редовните операции преку BNBchain продолжиле во утринските часови. Засега нема информации за напаѓачите, а истрагата се уште е во тек.