Глобалната продажба на електрични автомобили продолжува да расте кон рекордни бројки.
Според податоците на EV-Volumes, во август се регистрирани 847.590 нови примероци, што е за 60 отсто повеќе во однос на истиот период лани. На глобално ниво, уделот на пазарот е зголемен на 15 проценти (11 проценти целосно електрични и четири проценти plug-in хибриди). До крајот на август се регистрирани вкупно над 5,7 милиони нови патнички електрични автомобили, што значи дека до крајот на годината може да се надмине и нереалната граница од 10 милиони единици. За споредба, лани биле регистрирани 6,5 милиони.
Што се однесува до најпродаваните модели, на врвот е Tesla Model Y, а меѓу десетте најпопуларни се и Tesla Model 3, Volkswagen ID.4 и дури седум кинески автомобили. Како што може да се види од листата, најзастапен бренд е BYD, кој е меѓу најголемите производители на електрични автомобили во светот.
Годинава влегоа на европскиот пазар (Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Германија), а неодамна потпишаа и договор со германската компанија за изнајмување автомобили Sixt за испорака на 100.000 електрични автомобили. Во првата половина од годината BYD до клиентите веќе има испорачано 640.000 возила.
Не ја кријат целта, а таа е да станат најпродаваниот бренд на електрични автомобили во светот.
Топ 20 електрични модели во 2022 година:
1) Tesla Model Y – 409.378
2) Wuling Hong Guang MINI EV – 278.838
3) Tesla Model 3 – 268.157
4) BYD Song – 239.739
5) BYD Qin Plus – 198.326
6) BYD Han – 148.512
7) BYD Dolphin – 102.620
8) Volkswagen ID.4 – 99.880
9) BYD Yuan Plus – 92.776
10) BYD Tang – 79.211
11) Li Xiang One – 75.397
12) Chery QQ Ice Cream – 72.094
13) Chery eQ1 – 68.153
14) GAC Aion Y – 67.793
15) Hyundai Ioniq 5 – 67.781
16) Changan Benni EV – 64.553
17) Hozon Neta V – 59.637
18) GAC Aion S – 58.471
19) Kia EV6 – 54.896
20) Ford Mustang Mach-E – 51.447