Научниците во централна Австралија пронајдоа коски од нога кои би можеле да и припаѓаат на најголемата птица во историјата на нашата планета. Тие се надеваат дека ќе ги откријат и останатите делови од телото за да можат да ја состават целосната слика.
„Dromornis Stirtoni“, според зборовите на палеонтолозите, е „екстремен еволутивен експеримент“ и некој вид на мешавина од различни анатомски карактеристики.
Нејзиниот голем клун „излегува“ од релативно мал череп, кој се наоѓа на висина од три метри од земјата, а се заедно тежи околу половина тон.
За се да биде уште поапсурдно, овие осум милиони години стари џинови всушност се роднини на денешните кокошки и патки.
A huge moment at #alcoota2022 with the very first articulated -Dromornis stirtoni- leg excavated from Classy Corner. Thankyou @Phoebyornis for scale! #fossilfriday @fupalaeosoc @FlindersPalaeo pic.twitter.com/mJaKvacOtg
— Museum and Art Gallery of the Northern Territory (@MAG_NT) July 22, 2022
Иако е несомнено дека овие „демонски пилиња“ се тешка категорија во светот на птиците, прецизното мерење на нивната големина од неколку коски нема да биде воопшто лесно.
Прв пат остатоци од оваа масивна птица биле пронајдени во положбата во која биле како дел од жива птица.
„Тоа значи дека лешот бил целосен кога бил затрупан. Ги пронајдовме само нозете бидејќи дојдовме до таа длабочина. Многу е веројатно дека поголем дел од костурот, ако не е целиот, допрва ќе го откриеме“, вели палеонтологот Адам Џетс.
Коските се откриени во резерватот Алкута, познат локалитет на околу 190 километри североисточно од Алис Спрингс.