Renault на 17 октомври, во рамките на 89. салон за автомобили во Париз ќе претстави целосно нов концепт автомобил кој му оддава почит на Renault 4.
Триесет години по завршувањето на производството на оригиналната „четворка“, францускиот производител ќе го претстави својот нов изглед на Renault 4 на Саемот за автомобили во Париз во 2022 година.
Екипа од дизајнери кои работат под диригентската палка на Жил Видал, потпретседател за дизајн на Renault, создадоа модерна верзија на култниот модел што остави свој белег на автомобилската индустрија од втората половина на 20 век.

Концептниот автомобил кој ја одбележува 25-годишнината од хуманитарното рели 4L Trophy ќе им се допадне и на помладите генерации, додека повеќе информации ќе бидат познати по презентацијата, како и дали постои можност да се очекува новиот Renault 4 во сериско производство. .
