AI-Da ќе влезе во историјата како прв робот кој ќе зборува во Домот на лордовите следната недела, на тема дали креативноста во Велика Британија е под закана на технологијата
Женскиот робот Ai-Da е дело на компанијата Engineered Arts и на експертот за современа уметност Ејдан Мелер од Оксфорд, кои ја создале и ја програмирале да може да црта и да слика (ја нарекуваат робот уметник), стана прилично позната кога пред неколку години направи портрет на кралицата Елизабета Втора насловен Algorithm Queen.
Роботот го добил името по математичарката Ади Лавлејс, која се смета за првата компјутерска програмерка, затоа што објавила белешки за она што денес се смета за првиот алгоритам, направен за некоја машина да го процесира.
Ai-Da во своите очи има камери и може да разговара и да одговара на прашања со користење на специјален AI јазичен модел.
Таа ќе им се обрати на членовите на Одборот за комуникација и дигитално огласување во Британскиот парламент. Ќе зборува за тоа дали креативноста е нападната од вештачката интелигенција и технологијата и ќе дискутира за иднината на креативните индустрии како што се уметноста, дизајнот, модата и музиката.