Бидејќи eSIM функционалноста од ден на ден станува се попопуларна, производителите на паметни телефони во иднина ќе го заменат слотот за SIM картичка со електронски eSIM картички. Иако тоа сигурно нема да се случи толку наскоро, Xiaomi сега го направи еден од своите смартфони способни за eSIM на глобалниот пазар.
Серијата Xiaomi 12T беше лансирана на почетокот на овој месец и вклучува два модели – Xiaomi 12T и Xiaomi 12T Pro. Вториот модел стана првиот глобално претставен телефон на Xiaomi, кој пристигна со поддршка за eSIM.
Сепак, поддршката за eSIM не е достапна на сите глобални пазари и варира од оператор до оператор. Така, на пример, оваа функционалност е достапна, меѓу другите, во Германија, Италија, Франција, Јапонија и Малезија. Целосната листа на земји/региони и оператори поддржани на eSIM може да ја проверите ТУКА.
Треба да се нагласи дека eSIM функционалноста е достапна и на телефонот Redmi Note 10T, но само во Јапонија. Xiaomi објави дека претстојниот Xiaomi 12 Lite нема да пристигне со истата функција.
За потсетување, главната продажна точка на Xiaomi 12T Pro е главната камера со резолуција од 200 MP. Ова е всушност првиот смартфон на Xiaomi со камера сензоре од 200 MP. Станува збор за 1/1,22″ сензорот на Samsung – ISOCELL HP1. Овој сензор поддржува 2x дигитален зум и може да снима 8K видеа. Исто така, поддржува и оптичка стабилизација на сликата. Тука се и функциите за следење на очите и автофокус за следење движења. Ултра широкиот сензор е 8 MP (f/2.2) со видно поле од 120 степени, а има и макро сензор од 2 MP. Однапред, телефонот има предна камера од 20MP со отвор на бленда f/2.24. Сите детали за серијата Xiaomi 12T прочитајте ги ТУКА.