Произведувачот на чипови Intel планира големо намалување на бројот на вработени, веројатно во илјадици, соочен со забавувањето на пазарите за персонални компјутери, известува Bloomberg News. Отказите ќе бидат објавени веќе во текот на октомври, а некои од одделите на Intel, вклучувајќи го и одделот за продажба и маркетинг би можеле да останат без 20 проценти од вработените. Компанијата во јули имала 113.700 вработени, а Intel одбил да ги коментира овие најави.
Intel во јули ги намали своите годишни прогнози за продажба и добивка откако потфрлија резултатите во второто тримесечје. Високата инфлација и повторното отворање на канцелариите и училиштата ги наведеоа луѓето да трошат помалку на компјутери отколку што тоа го правеа во текот на карантинот поврзан со пандемијата.
Произведителите на чипови, исто така, се под притисок на рестрикциите поради Ковид-19 на клучниот пазар на персонални компјутери во Кина и војната во Украина, кои доведоа до застој во синџирите за снабдување, а исто така влијаеја и на побарувачката.
Главниот извршен директор на Intel, Пат Гелсингер вчера објави допис до вработените во кој ги изнел плановите за создавање на интерен модел за леарница за надворешни корисници и производна линија на компанијата.