Калифорнија е првата држава која почна со пилот програма за дигитални регистарски таблички, но сега излегува од пилот програмата и се отвара за широките маси.
Благодарение на ноедамнешниот закон (AB-984) кој штотуку е усвоен, сега ќе биде легално за сите во калифорнија да користат дигитални таблички, пушува Телеграф.
Но, опциите за купување дигитални таблички се ограничени на само една компанија: Reviver.
Од таму велат дека околу 10.000 корисници на калифорниски автомобили возат со своите таблички како дел од програмата. Тој број несомнено ќе се зголемува откако законот е донесен.
Во случај претходно да не сте виделе или слушнале за дигитални регистарски таблички, знајте дека тие користат монохроматски HD екран, кој може да се менува од светли до темни модови (црна или бела задниина).
Тие се напојуваат со батерии, а Reviver тврди дека траат пет години – но, ако сте комерцијален купувач, Reviver нуди жичено решение кое за напојување ги користи 12-волтните батерии на возилото.
Зошто би ги сакале овие таблички? Најголема причина е најверојатно естетиката.
Но, функциите за кои Reviver вели дека доаѓаат во иднина вклучуваат семејни услуги и предупредувања, пријавување на украдени автомобили, интеграција на системот за наплата на патарина, предупредувања за дијагностика и одржување на возилото како и многу други.