Google најави голем број нови функции за Workspace, вклучувајќи и една која ќе биде многу корисна за оние кои сакаат да ги зачуваат разговорите од состаноци.
Корисниците веќе можат да ги зачувуваат Google Meet повиците на како видео фајлови, но наскоро ќе добиваат и транскрипти од нивните состаноци во Google Docs. Функцијата ќе биде достапна за англиски јазик почнувајќи од оваа недела, додека поддршката за француски, германски, шпански и португалски јазик ќе пристигне следната година. Исто така, оваа функција доаѓа по проширувањето на преводот во живо за тие јазици.
Подоцна овој месец, Google ќе ја понуди Meet функцијата за автоматско центрирање на учесниците на состанокот во нивниот прозорец ,дури и пред да се приклучат на повикот, но ќе биде можно и рачно прилагодување.
Покрај тоа, Google Chat исто така добива нови функции, вклучително и прилагодување на емотиконите, како и простор за еднонасочно емитување и споделување информации со целиот тим.