Motorola минатата недела го лансираше телефонот Moto G72 во Индија. Смартфонот сега пристигнува и на европскиот пазар.
Moto G72 е опремен со P-OLED екран со дијагонала од 6,6 инчи и FullHD+ резолуција. Дисплејот се одликува со поддршка за HDR10+ и стапка на освежување од 120 Hz. Под екранот е скриен скенер за отпечатоци.
На задната страна на телефонот има сензор за главната камера од 108 MP, кој може да снима 1080p видеа со 60 фрејма во секунда. Покрај овој сензор, уредот има и ултраширок сензор од 8 MP и макро сензор од 2 MP. Сите камери се поставени во заоблен исечок на задната страна на телефонот. Однапред се наоѓа селфи камера со сензор од 16 MP и отвор на бленда f / 2,45. Може да снима видеа од 1080p со 30 фрејма во секунда.
Автономијата на смартфонот ја обезбедува батерија од 5000 mAh, која доаѓа со поддршка за брзо полнење од 30 W. Покрај тоа, телефонот доаѓа со полнач во кутијата од 33 W во кутијата. Покрај полначот, кутијата вклучува и USB-C кабел, заштитна маска, а во некои земји, корисницитњ ќе добијат дури и слушалки, што секако е нешто за пофалба.
Телефонот го покренува Helio G99 чипсет, помеѓу останатите карактеристики, уредот има и поддршка за Wi-Fi 5 (ac), Bluetooth 5.1 и NFC. Moto G25 има IP52 сертификат, но и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Смартфонот е достапен во сива, бела и сина боја, а цената на Moto G72 во Европа е 260 ЕУР. Сепак, важно е да се напомене дека цените варираат од земја до земја. На пример, уредот во Германија чини 20 евра повеќе.