Во третиот квартал од оваа година, глобалните испораки на компјутери се намалени за 17,7 проценти во однос на минатата година, покажуваат податоците на Canalys. Единствената компанија која пријавила раст во овој период е Apple. Според податоците, компанијата ги зголемила испораките за 1,7% до 7,993 милиони продадени примероци и пазарен удел од 11,5%. Првите три компании на листата имаат двоцифрен пад на испораките.
Податоците на компанијата IDC, пак, откриваат слична слика со вкупен пад од 15% и споредливи бројки за поединечни производители, освен за Apple. Според IDC, американската компанија пријавила импресивен пораст од 40% во испораките до 10 милиони примероци за пазарен удел од 13,5%. Не е јасно од каде доаѓа разликата, бидејќи на прв поглед двете компании имаат слични методологии за известување.
Според Canalys, добрите перформанси на Apple се должат на завршените испораки од вториот квартал, како и лансирањето на новите MacBook модели со M2 процесори. Истовремено, IDC посочува дека Apple го зголемил производството во третиот квартал, а покрај тоа имал и многу промоции на моделите со M1 чипови кои го зголемија обемот на продажба.
Во секој случај, севкупниот пад на пазарот се чини дека се должи на нестабилната макроекономска и геополитичка ситуација и намалената побарувачка во образовниот и информатичкиот сектор. Недостигот на компоненти веќе не е толку голем проблем, но слабата продажба го зголеми нивото на залихи во магацините на производителите.
Според Canalys, во тој период биле испорачани вкупно 69,4 милиони компјутери, а според податоците на IDC, бројката изнесува 74,2 милијарди. Според двете компании, Lenovo останува на првото место со вкупно испорачани 16.880 милиони компјутери, што е пад од околу 16 проценти на годишно ниво. Следен е HP со пад од 27,8% и продадени 12,7 милиони уреди, а на трето место е Dell со пад од 21% и испорачани 11,9 милиони компјутери.
Извори: Canalys, IDC