За обожавателите на автомобилската индустрија, во периодот од 12 до 16 октомври, во Ист Гејт Мол ќе се реализира првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“.
За придобивките и предноста на е-возилата, разговаравме со Славчо Матески – Менаџер во Олимпиа Моторс Аутлет.
Каква е иднината на е-возилата на македонскиот пазар? Дали постои интерес за е-возила?
С.М.: За максимално искористување на потенцијалот на електрични возила потребно е да имаме свест и знаење за придобивките што ги носат електричните возила и финансиска моќ. За тоа да се овозможи потребен е заеднички ангажман на повеќе чинители. Ние во Олимпиа Моторс Аутлет, како некој кој треба и е повикан да овозможи достапност на македонскиот пазар, веќе трета година продаваме користени електрични возила со висок квалитет и може да кажеме дека имазадоволителна продажба на почетно микро ниво. Она што го гледаме како неопходно е да придонесеме во развој на мрежа на полначи, а за тоа е потребна пред сѐ едукација. Затоа, настанот кој ќе се случува оваа недела кај нас буди возбуда дека работите ќе се движат во насока на користење електрични возила, па така за две до три години присустност на електрични возила,сметаме дека ќе се зголеми продажбата. Во моментов, во нашиот салон имаме на лагер тесла, фиат , корса и истите се достапни за тест возење.
Колку е-возилата имаат потенцијал да го надвладеат пазарот на дизел возилата во наредната декада?
С.М.: Потенцијал има дефинитивно, но поради скапата технологија, а со тоа и високите цени на електричните возилата наспроти ниската куповна моќ на граѓаните во Македонија, неопходно е вклучување на државата со одредени мерки за поттикнување, како што е субвенционирање, ниски каматни стапки на кредити, даночно олеснување и други поволности.
Кажете ни нешто повеќе за WALLBOX полначите за е-возила достапни во ОМО. Какви видови на полначи имате, каде се достапни и што е потребно да знае за истите еден возач на е-возило?
С.М.: Имаме три вида на Wallbox полначи и тоа Wallbox Pulsar кој доаѓа со интегриран кабел за полнење и моќност до 22 kW. Палетата Pulsar е совршена за секојдневна употреба дома, потоа Wallbox Copper SB кој е дизајниран да обезбеди разновидност за бизнисите кои сакаат да го електрифицираат својот комерцијален паркинг . Полначот Copper SB пристапува до вашиот полнач со читачот на картички RFID и лесно може да го поврезете со полначот со апликацијата myWallbox. Третата палета од Wallbox полначите е Commander 2. Овој EV полнач за бизниси во комбинација со myWallbox за бизниси, ја намалува и побарувачката на енергија благодарение на функциите како што се: smart load mangment .
Колку е исплатливо да се направи одлука за купување на половно е-возило и тоа во време на економска и енергетска криза?
С.М.: Во време на глобална економска и енергетска криза, дефинитивно е поисплатливо да се одлучите за половно е-возило. Електричните возила ги исполнуваат сите строги стандарди за безбедност, како и секое друго возило. Полнењето во повеќето случаи се одвива во ноќните часови кога потрошувачката на електричната енергија е мала, што значително помага во намалување на потрошувачката на гориво. Батеријата на електричниот автомобил ја врши целата работа и поради тоа автомобилот е поевтин за одржување. Цената по километар за напојување на електричен автомобил е исто така генерално поевтина од сличен еквивалент на бензин – што значи дека можете да патувате за помалку пари. Исто така, една од субвенциите за граѓаните кои се одлучуваат да возат е-возило, е тоа што не плаќаат паркинг на цела територија на град Скопје.
Какво е искуството на OMO – Olympia Motors Outlet со продажбата на премиум возила во Македонија во последната декада?
С.М.: Севкупната понуда за возила на Olympia Motors Outlet е базирана на строг акцент на гарантираниот квалитет. За секое возило компанијата дава вистинска информација и гаранција за потеклото, сервисната историја како и разновидни алатки кои помагаат во обезбедување со најадекватното и ценовно најоптимално возило. Доказ за тоа се преку 20.000 задоволни клиенти кои ни даваат за правo да бидеме сигурни во понудата на користени патнички и комерцијални возила со гарантиран квалитет и целосна сервисна историја.
Кон што цели ОМО?
С.М.: Нашата мисија е да е да го промениме искуството на купувачот при купување на половно возило, како и да поставиме нови стандарди при привлекување на клиенти и продажба на користени возила. Секојдневно целиме кон создавање нова одговорна култура во возењето која придонесува во подобрување на квалитетот на воздухот и квалитетот на животот на граѓаните преку купување на возила кои ги исполнуваат високите еколошки и технолошки стандарди. Ние сме водечки и иновативен бренд кој им пружи најдобри решенија на клиентитесогласно нивните барања и заедно ја градиме лојалноста.