Компанијата Boeing официјално претстави нова и подобрена верзија на хеликоптерот AH-64 Apache.
AH-64 Apache е присутен веќе 35 години и го користат вооружени сили ширум светот. Негова специјалност е уништување на различни закани. Ефикасен е на военото поле, како и во заштита на војници на земја.
Еволуцијата на овој хеликоптер трае од 1984 година, кога се појави моделот AH-64A па до денешната верзија на AH-64E Version 6. Хеликоптерот се покажа како екстремно убиствен хеликоптер за напади, како и многу моќен и ефикасен хеликоптер за извидници. Ниту еден хеликоптер може да му парира поради уникатната комбинација на докажаните оперативни, зрели и нискоризични карактеристики.
Американската војска планира да го задржи како важен дел од воздушните сили и во наредните децении.
Новиот концепт има капацитет ефективно да ги задоволи зголемените барања на војската кога станува збор за напади и извидување, вклучително и поголема агилност, смртоносност, преживување и домет.
Имплементирани се шест елементи на модернизација, меѓу нив и надградба на погонот за поголема моќност, домет, ефикасност и брзина, напредни системи за мисија за да се зголеми интероперабилноста на мрежата и да се намали когнитивното оптоварување на пилотот во текот на операцијата, напредни сензори и фузија на сензори за подобра поврзаност со сите услови на опкружување.