Покрај новите Surface уреди, Microsoft најави и нови алатки за продуктивност, вклучувајќи ја поддршката за iCloud photos на Windows 11 и Apple Music на Xbox конзолите.
По компаниите како што се Google, Meta, Samsung, Apple, Xiaomi и други, Microsoft вчера ја претстави својата нова линија Surface производи. Таблет уредите Surface првпат беа претставени во 2012. година, а од вчера семејството е побогато за неколку нови уреди: Surface Pro, Surface Laptop 5, Surface Studio 2+ и други.
Покрај нив, најавени се и нови алатки за продуктивност, вклучувајќи ја и Designer апликација која се заснова на вештачка интелигенција, но и понатамошно поврзување со Apple екосистемот, вклучувајќи ја поддршката за iCloud photos на Windows 11 и Apple Music на Xbox конзолите. Претставени се и неколку нови додатоци за подобрување на хибридните состаноци, вклучувајќи аудио dock и контролер за презентации за Microsoft Teams.
Microsoft Surface Laptop 5 и Surface Studio 2 Plus
Новиот Surface Laptop 5 е многу сличен на претходниот модел. Достапни во големини од 13,5 инчи и 15 инчи, лаптопите со екран осетлив на допир добиваат надградба на процесорот од 11 на 12 генерација Intel Core чипови, што барем треба да обезбеди подобри перформанси и малку подобар век на батеријата. Лаптопите ќе имаат и побрза DDR5 меморија, а USB-C портовите ќе поддржуваат Thunderbolt 4.
Surface Studio 2 Plus се враќа од мртвите, бидејќи последниот модел беше претставен пред четири години. Plus во името на новиот модел се однесува на надградби на понови процесори, графички карти, портови и безжични мрежи. Познат по исклучителниот екрани, оваа година Surface Studio 2 има 28-инчен монитор чувствителен на притисок, со прецизни бои и систем за позиционирање кој обезбедува одлична флексибилност во работата.
Microsoft Surface Pro 9 and Pro 9 with 5G
Microsoft ја објави новата генерација на Surface Pro 9 таблет уредот, кој располага со можност за избор на различни процесори. Корисниците ќе можат да се одлучат за Intel Core од 12. генерација или прилагодениот SQ 3 ARM чип, кој нуди и 5G конекција.
Surface Pro 9 поседува 13-инчен PixelSense дисплеј со Full HD+ резолуција, стапка на освежување од 120 Hz, максимална осветленост од 450 нита и заштитна Gorilla Glass 5. Постојат разлики и помеѓу двете платформи, при што Intel верзијата овозможува до 32 GB LPDDR5 RAM и 1 TB SSD, а ARM моделот до 16 GB LPDDR4x RAM и 512 GB SSD.
Верзијата на Intel е достапна во Platinum, Graphite, Sapphire и Forest варијантите на бои, со цени кои започнуваат од 999 долари за основната верзија со Intel Core i5, 8GB RAM и 128GB SSD. Најевтината конфигурација со ARM процесор е 1.300 долари, а овој модел е достапен само во Platinum боја. Како и секогаш, постои и опција за поврзување на тастатура за поголема продуктивност.
iCloud photos na Windows 11 и Apple Music na Xbox
Корисниците на Windows и Xbox конзолите со уредите и услугите на Apple би можеле да ги ценат неколкуте нови придобивки. Наскоро, мрежата iCloud Photos на Apple ќе работи со ажурираната апликација Microsoft Photos која е во фаза на тестирање, а Apple неодамна ја објави апликацијата Apple Music која работи на Xbox конзолите. Покрај тоа, Microsoft претстави и далечински управувач за Microsoft Teams, како и Xbox Adaptive Controller.
Претходните договори меѓу двете компании го донесоа Apple TV на Xbox, како и контактите и синхронизацијата на календарот со оперативниот систем Windows.
Microsoft го претстави Surface Pro 9 со избор на Intel или ARM процесор со 5G (ВИДЕО)