Во сега веќе далечната 1990 година, Microsoft го претстави Office, бренд кој покрај Windows веројатно и е најпознат на пошироката публика. Посебните апликации како што се Word, Excel, Outlook, PowerPoint и другите ќе продолжат да живеат, но не под брендот Office, туку како дел од Microsoft 365 пакетот.
Измените прво ќе ја погодат онлајн Office апликацијата на Office.com, која ќе се промени во текот на ноември. Во јануари 2023 година Office апликацијата вградена во Windows 10 и Windows 11, како и Office мобилните апликации за iOS и Android ќе го следат тој пример. По ажурирањето, популарната апликација ќе ја преземе Microsoft 365 брендот.
Microsoft FAQ (страница со често поставувани прашања) за транзицијата вели дека Microsoft 365 ќе ги опфати постоечките Office апликации плус OneDrive и Microsoft Teams и уште многу други. Компанијата исто така истакнува дека брендот Office ќе продолжи да постои, барем некое време. Постоечките Office 365 профили сè уште нема да се преименат, а Microsoft и натаму ќе продава трајни лиценцирани верзии на Word, Excel и другите Office апликации.
Office е само најновиот Microsoft производ кој доби ново име со Microsoft во себе. Windows Defender, вграден скенер за заштита од малавер на платформата, стана познат како Microsoft Defender кон средината на 2019 година.