Samsung вчера на својата конференција за програмери, еден дел посвети на новата верзија на својот кориснички интерфејс – One UI 5.0, кој е базиран на Android 13. Детали за него дознавме пред извесно време, а сега јужнокорејската компанија откри кога стабилна One UI 5.0 надградба треба да пристигне на Galaxy S22 серијата.
Минатиот месец, Sammobile објави извештај во кој се наведува дека Galaxy S22 уредите ќе добијат стабилно One UI 5.0 ажурирање, а Samsung сега тоа го потврди на својата SDC презентација.
Samsung наведе дека се очекува Galaxy S22 серијата да биде првата што ќе ја добие стабилната надградба на One UI 5.0 и дека тоа ќе се случи овој месец. Компанијата не го откри точниот датум, но бидејќи до крајот на месецот остануваат уште повеќе од 15 дена, точниот датум не е толку важен.
Сепак, ќе биде потребно извесно време за ажурирањето да стигне до сите корисници на Galaxy S22 ширум светот. Samsung досега објави четири One UI 5.0 бета ажурирања за Galaxy S22 уредите, а се шпекулира дека би можело да пристигне уште едно бета ажурирање пред стабилното ажурирање, кое засега не е потврдено.
Пред 2023 година, покрај на серијата Galaxy S22, Samsung треба да испрати стабилно ажурирање One UI 5.0 на преклопните телефони Galaxy Z Fold 3, Galaxy Z Flip 3, Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4, како како и на минатогодишната Galaxy S21 серија.
Покрај тоа, беше објавено дека еден уред од средната класа исто така ќе ја добие оваа надградба. Станува збор за Galaxy A53, што ќе го направи единствениот смартфон на Samsung што не е е флегшип, а кој ќе ја добие најновата надградба пред 2023 година.