Финскиот телекомуникациски гигант Nokia ги обвини кинеските производители дека ја користат нејзината патентирана технологија и бара да се запре продажбата на смартфони и паметни часовници Oppo и OnePlus.
Откако Oppo и OnePlus престанаа да продаваат мобилни телефони и паметни часовници во Германија, истиот потег се очекува наскоро и во Австралија и на други места на европскиот и азискиот пазар, сето тоа поради прекршување на патент.
Имено, Nokia ги обвини кинеските производители дека ја користат неговата патентирана технологија за обработка на 4G и 5G сигнали без да платат лиценца. Во август, германскиот суд пресуди во корист на Nokia, а во моментов се водат тужби и во други земји, пишува GSM Arena.
Иако сè уште нема детални информации, треба да се потсети дека шефот за комуникации на OnePlus, Спенсер Блан, уште летоска ја обвини Nokia дека има неразумно високи цени за нејзините патенти и рече дека ќе направи се што е во негова моќ да се вратат нивните смартфони и паметни часовници на германскиот пазар.
Сепак, тоа не се случи, па германските сајтови на Oppo и OnePlus се уште не нудат мобилни телефони и паметни часовници. Корисниците, истакна Блан, сè уште можат да продолжат да ги користат нивните производи и сродни услуги.