Со GDDR7 меморијата ќе биде можно да се постигне зголемување на брзината за два пати во споредба со GDDR6, што ќе им овозможи на графичките картички да понудат поголем проток користејќи помалку модули.
Компанијата Samsung го организираше настанот Tech Day 2022, кој се одржа првпат во изминатите три години, каде јужнокорејскиот гигант ги објави своите развојни планови за новите производи што можеме да ги очекуваме во блиска иднина. Меѓу нив најинтересни се 5G моделтеи на мобилни уреди, 200MP ISOCELL HP3 сензорот за камера, DRAM и NAND флеш меморија, следната генерација на GDDR7 меморија и многу повеќе.
Посебно не заиинтересира темата во која Samsung зборуваше за ултра брзата GDDR7 меморија со максимален проток на податоци до 36 Gbps. GDDR7 меморијата е двојно побрза од мемориските модули GDDR6, кои моментално вообичаено се користат во графичките картички.
GDDR6 Меморијата, која денес често може да се најде во графичките картички нуди брзина од 16 Gbps, додека некои посилни модели нудат брзина од 18 Gbps. Со GDDR7 модулите на Samsung од 36 Gbps, корисниците може да очекуваат подобрување за околу двапати на брзината на протокот.
Покрај GDDR7 DRAM, Samsung подготвува и DDR5 мемориски модули со поголем капацитет, побрзи LPDDR5X мемориски модули, како и специјализирани DRAM решенија наменети за одредени пазари.
Се очекува дека со GDDR7 меморијата ќе биде можно да се постигне зголемување на брзината за два пати во споредба со GDDR6, што ќе им овозможи на графичките картички да понудат поголем проток користејќи помалку модули.