Една од најголемите опсерватории во светот ќе добие нова напредна дигитална камера, која секоја вечер ќе го снима целото небо и ќе го креира најголемиот астрономски каталог досега
Опсерваторијата Vera C. Rubin во северниот дел на Чиле ќе добие нов голем телескоп, чија дигитална камера ќе биде најголема во светот. Камерата седум години ја дизајнира и склопува американската SLAC National Accelerator Laboratory, а оваа недела во полн сјај и беше претставена на јавноста. Од SLAC велат дека новата камера за телескопот LSST (Legacy Survey of Space and Time) сè уште не е целосно завршена, но нејзините механички компоненти за прв пат се составени во конечна фотогенична форма, па ред беше да се пофалат со ова достигнување.
15 TB податоци секоја ноќ
Сензорот на оваа дигитална камера, најголемата во светот, се состои од дури 189 CCD чипови од 16 милиметри, од кои секој има резолуција од 16 мегапиксели, што вкупно го прави сензорот со резолуција од 3,2 гигапиксели, сместен зад објектив со дијаметар од 1,57 метри. Целиот склоп ќе треба да се излади до -100°C за да се намали „шумот“ што го собираат сензорите. Видното поле на камерата ќе биде 3,5°, односно околу седум пати пошироко од аголната промена на полната месечина, гледано од Земјата. Резолуцијата, велат е доволна за снимање топче за голф на растојание од 24 километри.
На крајот, површината покриена со еден кадар ќе биде околу 40 пати поголема од површината на Месечината на небото. Системот ќе фотографира со експозиции полги по 15 секунди, а по секои две снимки ќе се движи кон следниот дел од небото. Со полн капацитет, секоја вечер на овој начин ќе бидат создадени 15 терабајти податоци.
Кога ќе биде завршен, овој импресивен инструмент ќе биде инсталиран во опсерваторијата Vera C. Rubin, од каде секоја вечер ќе го снима целото небо, создавајќи мапа на небото околу 1.000 пати во текот на 10 години работа. „Со таа мапа на небото, или поточно филм на небото, ќе направиме некои од најпрецизните астрономски мерења досега.
LSST камерата моментно е во чиста просторија во лабораторијата SLAC во Калифорнија, а ако довршувањето на работите оди според планот, би требало да отпатува за Чиле следниот мај. Првите снимки се очекуваат во 2024 година.