Ажурирањето на страницата со резултатите од пребарување почнува постепено да се воведува на мобилните уреди, а наскоро ќе се тестира и на десктоп, за да бидете сигурни во веб-локациите што ги посетувате.
При пребарувањето на Google search, единствената разлика помеѓу органски резултат и платена реклама е во ознаката „Оглас“ која иако е задебелена, лесно може да се предвиди.
Со оваа промена каде ознаката „Оглас“ ќе стане „Спонзорирано“, Google сака појасно да ја истакне разликата помеѓу органскиот резултат и платената реклама со цел да се зголеми јасноста и транспарентноста кон крајните корисници и кон огласувачите.
„Оваа нова ознака и нејзината истакната позиција продолжуваат да ги исполнуваат нашите високи стандарди за разликување на резултатите од пребарувањето и се надоврзуваат на нашите постоечки напори да ги разјасниме информациите за платената содржина“, рече Google.
Заедно со промената на ознаката за реклами, Google ќе ги прикажува и имињата на веб-страниците во резултатите од пребарувањето. Досега, само URL-адресите можеа да се видат во резултатите од пребарувањето, поради што беше збунувачки да се идентификуваат некои сајтови, пренесува TechCrunch.
Покрај тоа, повеќе ќе се истакне фавиконот на веб-страницата, за корисниците полесно да ги препознаваат познатите логоа и нивните веб-страници.