Новите податоци сугерираат дека Apple ја истражува можноста за додавање реклами на некои содржини на услугата Apple TV+. Различни извори укажуваат дека потпретседателот за маркетинг во Apple, Тод Тереси одржал голем број состаноци со високи претставници на рекламните мрежи.
Еден од изворите посочува дека станува збор за реклами на стриминг платформата, но компанијата ќе преземе акција во оваа насока само доколку се откријат сериозни можности и тоа не ги загрози односите со корисниците. Сосема е веројатно дека ќе бидат емитувани само мал број висококвалитетни реклами.
Потсетуваме дека другите големи платформи, Disney+ и Netflix подготвуваат поевтини планови за претплата со реклами.