Facebook продолжува да дава се поголема предност на забавните видео содржини по примерот на TikTok, најавувајќи дека во април следната ќе ја повлече функцијата Инстант артикли, што ја воведе во 2015 година.
Инстант артиклите имаат за цел да им обезбеди на издавачите попривлечен начин да ги презентираат своите написи на Facebook, помагајќи им да го зголемат ангажманот на читателите во апликацијата. Во тоа сценарио, Facebook требаше да им служи на издавачите како додаток на нивните главни страници.
Но, со текот на времето, градењето односи со издавачите стана помалку приоритет бидејќи Meta се повеќе се ориентира кон видео содржини.
Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, пренесува SocialMediaToday, неодамна забележа дека гледањето видео опфаќа 50% од времето поминато на Facebook, додека Reels е најбрзо растечкиот формат на содржина на Facebook и Instagram, што јасно покажува дека видео содржината станува најпривлечниот формат на содржина.
„Во моментов помалку од 3% од она што луѓето ширум светот го гледаат на Feed на Facebook се објави со линкови до написи за вести. И како што рековме претходно оваа година, нема смисла претерано да се инвестира во области кои не се во склад со преференците на корисниците“, пренесува Axios.
Less than 3% in #Facebook’s Feed are posts with links to news articles according to Meta. "As a business it doesn’t make sense to over invest in areas that don't align with user preferences." Monetization had been a key issue. #instantarticles via @axios https://t.co/CIvctmRwtx
— Talin Dilsizyan (@TalinPro) October 14, 2022