Google неодамна ја претстави Google Pixel 7 серија смартфони, која ги вклучува Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Повеќето од вас можеби се сеќаваат на проблемите со кои се соочија Pixel 6 и Pixel 6 Pro набрзо по нивното лансирање и се чини дека Pixel 7 Pro исто така има лош старт.
Google ја претстави Pixel 7 серијата со неколку надградби во однос на неговите претходници. Американската компанија вети и подобрено траење на батеријата на новите Pixel уреди, но новиот извештај сугерира поинаку.
Како што објави познатиот портал XDA Developers, Pixel 7 Pro има сериозни проблеми со траењето на батеријата. Имено, тимот од споменатиот портал при тестирањето на уредот забележал дека екранот на телефонот троши невообичаено големо количество батерија додека неговата осветленост е зголемена до максимум.
Откриено е дека батеријата на смартфонот паднала за цели 10% по само 15 минути вклучен екран. Извештајот понатаму известува дека потрошувачката на енергија на телефонот е помеѓу 3,5 и 4 W при 600 нита осветленост на екранот, но дека при максимална осветленост од 1500 нита, потрошувачката оди до 6 W, што резултира со значително трошење на батеријата.
Се наведува дека користењето на уредот во затворен простор при слаба осветленост на екранот веројатно нема да предизвика вакво празнење на батеријата и дека корисниците може да го забележат тоа само кога го користат уредот со максимална осветленост на екранот.
Вреди да се напомене дека проблемот засега е достапен само на Google Pixel 7 Pro, а не на стандардниот Google Pixel 7 модел. Од Google се уште не се изјаснија за овој проблем, но треба да се очекува дека американската компанија ќе успее да го реши преку софтвер и дека не е хардверски проблем.