Голем екран, моќен процесор и отстранливи контролери за играње се најважните спецификации на Razer Edge.
Иако се чинеше дека кај мобилните уреди веќе нема потреба од посебни рачни конзоли за играње, во пракса се покажа дека побарувачката за специјален мобилен гејмерски хардвер навистина постои. Тоа најдобро можеме да го видиме со примерот на Nintendo Switch и Steam Deck, конзоли кои се исклучително популарни меѓу гејмерите, а наскоро на пазарот доаѓаат и нови конкуренти.
Неодамна пишувавме за G Cloud на Logitech и оваа конзола наскоро пристигнува на пазарот, а сега рачна конзола претстави и Razer. Нивната конзола е малку поскапа од онаа на Logitech (за 50 долари и чини 399 долари), но затоа нејзините спецификации се многу подобри. Razer Edge доаѓа со 6,8-инчен AMOLED екран со резолуција од 2400×1800 пиксели и брзина на освежување од 144 Hz. Конзолата ја покренува Snapdragon G3x Gen 1 чипсет, кој Qualcomm го направи специјално за овој тип на уреди, има 8GB меморија, 128GB простор за складирање и слот за microSD мемориска картичка. Поддршката за WiFi се подразбира, а компанијата планира да претстави и верзија со поддршка за 5G. Секако, тој модел би требало да биде поскап.
На конзолата може да се стримаат локални PC игри преку апликацијата Steam Link, а има и поддршка за други услуги како Nvidia GeForce Now и Xbox Cloud Gaming. Бидејќи се работи за уред со Android (верзија 12), на него можат да се преземеат и играат игри од Google Play Store.
Покрај делот со екранот, конзолата има и уште еден дел кој може да се одвои од екранот – се работи за контролерот Razer Kishi V2 Pro, понапредна и подобра верзија на гејмпадот Kishi V2 за паметни телефони. На предната страна има веб-камера од 5 MP, а конзолата има и опција за пренос во живо. Треба да се споменат и два звучника, микрофон и на одвоениот дел со контролери, 3,5 mm излез за слушалки.