Apple објави дека по своите слушалки и компјутери, најлуксузните возила на Mercedes и Maybach ќе добијат нативна поддршка за Spatial Audio стандардот
Овој викенд во Париз беше објавено партнерство меѓу Apple и Mercedes-Benz во малку неочекуваната област на аудио технологијата. Резултатот од соработката помеѓу технолошката компанија и производителот на луксузни возила ќе биде пренесувањето на уникатно звучно искуство на Spatial Audio звукот, со поддршка за Dolby Atmos, нативно во новите автомобили на Mercedes
За потестување, Spatial Audio е стандард на Apple за репродукција на „3D звук“, кој досега беше поддржан само од нивните AirPods и Beats слушалки, како и Mac компјутерите со сопствени ARM процесори. Следната линија на хардвер со поддршка за тој стандард, малку неочекувано, ќе бидат автомобилите – и тоа најлуксузните. Според најавите, нативно Spatial Audio ќе пристигне во новите автомобили под значката Mercedes-Maybach, потоа во електричните модели Mercedes EQS и EQS SUV, како и во нешто помалите, но не помалку луксузни серии EQE и S-класа.
Станува збор за прва соработка од овој тип, а нејзината цел е во најлуксузните автомобили да го пренесе искуството на слушање звук, како што велат, „подобро отколку во која било концертна сала“. „Тоа искуство е невозможно да се опише со зборови, мора да го слушнете сами за да знаете да го цените“, возбудено го опишуваат својот проект од Apple.
„Горди сме што нашите возила ќе бидат првите уреди што не се на Apple, кои ќе понудат Spatial Audio со Dolby Atmos звук. Оваа соработка и искуство ќе покажат како системите за забава во автомобилите можат да достигнат нови нивоа, преку совршена интеграција на хардвер и софтвер“, стои во пораката од Mercedes. За користење на новата опција ќе биде неопходно да се има еден од споменатите автомобили и претплата на услугата Apple Music, каде се повеќе содржини се прилагодени за Spatial Audio.