Шпанскиот регулатор за конкуренција започна истрага за тоа дали дигиталната платформа Booking.com се обидува да ја потисне конкуренцијата од онлајн туристичките агенции при резервирање хотелско сместување.
Истрагата е покрената врз основа на две жалби поднесени од Шпанската асоцијација на менаџери на хотели (AEDH) и Мадридската асоцијација на хотелиери, објави агенцијата за конкуренција CNMC.
Здруженијата тврдат дека Booking.com наметнале нефер услови за хотелите во Шпанија и примениле мерки кои може да имаат ефект да ги потиснат другите онлајн туристички агенции и каналите за онлајн продажба.
„Ние навистина сакаме оваа практика да заврши“, изјави претседателот на AEDH, Мануел Вегас.
Регулаторот објави дека постојат разумни основи за сомневање дека платформата можеби ги прекршила шпанските закони за конкуренција и членот 102 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој им забранува на компаниите да злоупотребат доминантна позиција на пазарот, се вели во соопштението.
Некои од спорните практики може да претставуваат злоупотреба на доминантната позиција на Booking.com во однос на конкурентните брокерски услуги понудени на хотелите од различни онлајн агенции, објаснуваат од CNMC. Тие исто така додаваат дека Booking.com можеби ги искористил шпанските хотели кои се финансиски зависни од него, без да наведат примери на спорни практики.
CNMC ќе го испита случајот во следните 18 месеци и ќе ги слушне аргументите од двете страни. Доколку се утврди дека го прекршил законот, Booking.com може да се соочи со казни од 100.000 евра до повеќе од 10 милиони евра по прекршок.
Асоцијацијата на хотелиери во Мадрид не одговориле веднаш на барањето за коментар на веста за истрагата.
Booking.com соопштил дека ќе соработува со CNMC во истрагата за да одговори на сите прашања поврзани со водење бизнис во Шпанија.