Motorola на настанот Tech World 2022 на матичната компанија Lenovo во кратко видео го прикажа телефонот што може да се свиткува.
Видеото го прикажува само предниот дел на уредот, а екранот изгледа како да се обвиткува околу уредот со притискање на копче, свиткувајќи се од долниот раб. Барем што се однесува до прототипот, овој концепт се чини дека е на „оперативната страна на спектарот“. Индикаторите за батеријата и мрежата се видливи на екранот, а станува збор за флексибилен OLED панел со димензии 6,5 инчи кога е извлечен или малку повеќе од 4 инчи кога е преклопен.
Motorola не откри повеќе детали, така што не е познато дали овој уред некогаш ќе се појави на пазарот. TCL најавуваше флексибилни производи во изминатите години, но немаше комерцијални модели.