Компанијата Oppo минатата година на пазарот го лансираше паметниот телефон Find N како конкуренција на Galaxy Fold на Samsung и Mi Mix Fold на Xiaomi, а сега работи на поинаков уред на преклопување.
Новиот уред ќе има внатрешен дисплеј од 6,8 инчи, како и надворешен дисплеј од 3,26 инчи. Станува збор за OLED панели, а уредот ќе се напојува од батерија со капацитет од 4.300 mAh.
Се очекува дека новиот флексибилен смартфон на Oppo ќе добие селфи камера од 32 MP, која ќе го има сензорот IMX709 на Sony, како и главна камера од 50 MP, со сензорот IMX766 на Sony.
Нив ќе им се придружи двојна Sony IMX355 камера од 8 MP. Oppo Flip се очекува да го покренува процесорот Snapdragon 8 Plus Gen 1.
Презентацијата на смартфонот се очекува наскоро.