Отворен е повикот на ПРЕДА плус фондацијата за учество во првата наменски креирана програма која ќе отвори нова ера во финансиската индустрија кај нас. FINTECH START-UP програма, наменета за сите заинтересирани програмери, основачи на финтек старт-ап компании, продукт менаџери …. како и сите вие вљубеници и иноватори во новите финансиски трендови zа неа е предвиден награден фонд 3.000 евра / ваучер.
-Ако Битола до пред 5 години беше заспана убавица во однос на стартап сцената, денес после 5 завршени стартап програми, Битола станува втор стартап и ИТ хаб во Македонија, после Скопје. Важна улога имаат: ИТ корпорации кои се во топ 5 македонски ИТ компании, иновативни стартапи кои привлекуваат инвестиции од 2 милиони евра, како и Факултетот за ИКТ во Битола кој годишно има по 450 студенти, главниот елемент за успешен бизнис и стартап. ПРЕДА Плус фондација, дополнително ќе ги предизвика сите оние кои имаат иновативна идеа во финансиски услуги (финтек) да учествуваат во специјализирана програма за стартапи. Во екосистемот на финтек порано имаше главно банки и финтек компании сега сите индустрии, oд спорт до малопродажба, влегуваат во плаќања и финасиски трансакции вклучени во нивните услуги. Програмери, продукт менаџери, стартап основачи се поканети да се пријават со нивната иновација на единствената стартап програма за финтек која нуди: вредна обука за Design thinking, искусни домашни и меѓународни ментори на 48 часовен хакатон, награда за најдобрите, контакти со инвеститори и одлична забава, истакна Маријана Милевска директорка на ПРЕДА плус фондацијата.
Учесниците во оваа програма ќе добијат:
•Обука за Design Thinking вредна 1.000 евра и сертификат за истата
• Бесплатно менторство од еминентни, домашни и интернационални професионалци на 48 часовен хакатон кој ќе се организира на крај на ноември 2022
• Презентација на проектите пред потенцијални инвеститори – инвестициски нетворкинг ивент
• Простор за дискусија за трендовите и идните перспективи на темата Иднината на Fintech
• И се разбира, многу нови контакти и одлична забава
Условите за учество се следни:
• Тимско учество од минимум 2 и максимум 4 члена Поседување на универзитетска диплома • Возраст: нема ограничувања
•Ќе има селекција, во која ќе бидат избрани 20
• Само селектираните тимови може да се натпреваруваат на хакатонот
• Идеите и концептите кои ќе бидат доставени треба да се соодветно насочени кон главниот предизвик кој ќе биде најавен
• Учесниците ќе се обврзат активно да учествуваат за време на подготовката и имплементацијата на хакатонот и во обуката како прва фаза и во партиципирањето на хакатоното и форумот за иновации
• Решението може да се надоврзе на постоечки производ, но тимот мора да покаже дека го развива за време на хакатонот
• Решенијата кои биле целосно финиширани пред хакатонот нема да бидат земени во предвид за награди
• Пожелно е добро познавање на англискиот јазик на членовите на тимот Критериуми за избор на идеја:
• Иновативност и креативност на решението
• Приспособливост, односно адаптирање на промени и потреби на проектот
• Разбирање на опишаниот проблем
• Тимска компатибилност Најдобриот тим ќе биде избран од жирито и ќе биде награден со 3.000 евра/ваучер.
Деловно решение ќе биде презентирано пред потенцијални инвеститори. Пријавувањето трае до 7 ноември, 2022.
Повеќе информации на линкот: http://www.predaplus.eu/startup/ Партнер на проектот е Финтек комапнијата СН ФИНАНСИИ, првата компанија од оваа сфера фирмирана со домашен капитал. Проектот е поддржан од ЕУ и националните фондови за прекугранична соработка.