Во октомври месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје, на Зоолошката градина ѝ подарува нова училница на отворено. Просторот што се наоѓа непосредно до главниот влез е облагороден со голем поден мурал со пејсажни мотиви, насликан во широка палета светли тонови. Површината изобилува со насликани растенија, планини, дрвја и поттикнува на игра, дружење, фотографирање и забава. Всушност, Халкбанк АД Скопје, како голем пријател на Зоолошката, обезбеди интересни визуелни решенија, сцена на отворено, занимливости и креативи на кои доминира ликот на слончето Халки, со што омилената скопска дестинација, доби сосема нов изглед.
– Новото катче со сите елементи и муралот, кој е навистина многу колоритен и впечатлив, се надеваме дека ќе стане омилено место за дружење и средби на сите посетители на Зоолошката градина. Идејата е тоа да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет. Всушност, сите овие теми се дел од нашата платформа ХалкЕко, но и од сите активности поддржани од Детското штедење и платформата на слончето Халки. Во средиштето на сите наши корпоративни проекти се децата преку кои сакаме да изградиме и здрава животна средина и здраво општество, оттука и идејата да им подариме една ваква колоритна училница на отворено – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Банката и во иднина продолжува со работа на поле на екологија, засадување зелени пространства, како и на поддршка на бројни едукативни и креативни настани, каде што главната тема е заштитата на природата.
По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, во Зоолошката градина во Халки училницата ќе се одржат и првите работилници, што ќе значат и официјален почеток на нејзината употреба.