Енергетската криза и поскапувањето на струјата се одрази и на пазарот на криптовалути.
Цените на криптовалутите се стабилни со месеци, што е невообичаено за оваа берза, но тие се стабилизираа на вредности кои не им се баш по вкус на крипто-ентузијастите.
– Кога станува збор за оваа година, криптовалутите се вклопуваат во сивилото на светските економски трендови. Засега не успеаја да се разделат и одат во пакет со се друго, велат експертите.
Најниската вредност на биткоинот беше околу 3.000 долари, а потоа во ноември 2021 година достигна рекордни 68.000 долари. Во моментов вреди околу 20.000 долари.
За прв пат од постоењето на криптовалутите, нивната вредност на берзата ги следи трендовите на светската економија.
– За прв пат цените на криптовалутите го следат глобалниот економски пазар и дека може да се очекува дека и пазарот на криптовалути ќе закрепне во исто време со закрепнувањето на глобалната економија, велат експертите.
„Блокчејн“ е млада технологија која се уште ја бара својата вредност и поради тоа се случуваат големи флуктуации на цените, заклучуваат експертите. Единственото прашање е дали корисниците ќе имаат трпение.