Разликата е огромна ако го споредите ова со камерата од 12 мегапиксели на вашите телефони. Што тоа значи?
Според научникот и фотограф, доктор Роџер Кларк, резолуцијата на човечкото око е 576 мегапиксели. Тоа значи дека ако креирате екран со толку остра и јасна слика што не би можеле да разликувате поединечни пиксели, би морале да спакувате 576 мегапиксели во област со големина колку вашето видно поле. За да дојде до оваа бројка, Кларк ја претпоставил оптималната визуелна острина во видното поле, односно претпоставил дека очите се движат по појавата пред вас. Но, во еден поглед, резолуцијата се намалува за 5 до 15 мегапиксели.
Тоа е така затоа што вашите очи имаат многу маани кои камерата не ги прифаќа. Појавите во висока резолуција ги гледате само на многу мал простор и тоа во центарот на вашето видно поле. Имате мртва точка каде што вашиот оптички нерв се среќава со вашата мрежница. Ги мрдате вашите очи по појавата не само за да соберете повеќе информации, туку и за да ги коригирате оние несовршености во вашиот визуелен систем.
Меѓутоа, окото не е објектив на апарат кој собира снимки во вашата мемориска картичка. Окото повеќе е детектив – тоа собира податоци и траги од околината, а потоа ги праќа до мозокот за да се формира целосна слика. Секако, веќе постои резолуција на екранот на која нашите очи не можат да ги разликуваат пикселите.