Роверот Curiosity на американската вселенска агенција NASA пристигна во регионот наречен Mount Sharp, од каде испрати нови фотографии.
Пред роверот на NASA, Curiosity да пристигне на Марс во 2010 година, нејзиниот Орбитер Mars Reconnaissance го забележа регионот на планината Mount Sharp, богат со минерали. Оттогаш научниците чекаат можност да го пoгледнат теренот „одблиску“, а сега тоа им го овозможи роверот Curiosity. Роверот конечно пристигна во солениот регион на Марс, за кој се верува дека се формирал кога климата на Црвената планета се сушела.
По слетувањето, роверот откри различни типови карпи и знаци на некогашно постоење на вода. Тука има и солени минерали како магнезиум сулфат, калциум сулфат и натриум хлорид. Научниците се надеваат дека ќе откријат зошто климата на Марс се променила, а претходно наликувала како климата на Земјата.
За земање на 36-от примерок со дупчење, научниците ја избрале карпата Канаима. Роверот избра ротирачка ударна дупчалка на крајот од својата рака долга два метри, за да ги скрши примероците од карпи за анализа.
„Како што правиме пред секое дупчење, го отстранивме правот и ја допревме горната површина на Канаима со дупчалката. Недостатокот на гребнатини или вдлабнатини беше показател дека дупчењето може да биде тешка задача“, рече новата проект менаџерка Катја Замора-Гарсија од Лабораторијата за млазен погон на NASA во Јужна Калифорнија.
Научниците ќе ги анализираат примероците со инструмент за хемија и минерологија, како и со инструментот Sample Analysis at Mars.
Откако се позиционира, роверот ги испрати едни од најинспиративните фотографии со пејзажи од Марс. Curiosity сега има нови предизвици, а научниците се воодушевени од новите фотографии.