Возењето без пречки од точка А до точка Б наскоро би можело да стане минато бидејќи Uber спроведува тестирање за прикажување реклами како дел од пошироките планови за собирање дополнителни пари преку огласување
Рекламите веќе се прикажуваат на таблет уредите во некои автомобили на Uber во Лос Анџелес и Сан Франциско. Ако пилот-програмата оди според планираното, таблет уредите со реклами може да се очекуваат низ САД, а можеби и пошироко.
Според Uber, рекламите треба да бидат „привлечен начин за брендовите да се поврзат со потрошувачите во текот на целиот процес на возење“, иако останува да се види како ќе се чувствуваат возачите кога ќе им бидат сервирани реклами за време на нивното возење, пишува DigitalTrends.
Покрај рекламирањето на таблетите во автомобилот, рекламите треба да ги следат патниците во текот на целиот процес на користење на Uber, вклучувајќи барање на возило, чекање на возилото и додека се возат, а ќе бидат ограничени на еден огласувач.
Uber вели дека корисниците наводно ќе можат да останат во апликацијата Uber додека го купуваат рекламираниот производ.
Рекламната иницијатива на Uber наречена „Реклами за патување“ досега соработуваше со 40 брендови, меѓу кои NBC Universal, Heineken и United Artists.