Xiaomi се подготвува да ја претстави новата генерација на својата популарна серија Redmi Note, а веќе е познато кога тоа ќе се случи. Благодарение на објавата на компанијата на кинеската социјална мрежа Weibo, дознаваме дека објавата на Redmi Note 12 ќе биде во октомври.
Да потсетиме, претставувањето на Redmi Note 11 се случи на 28 октомври минатата година. Од објавата може да се заклучи дека компанијата ќе користи две значајни технологии, од кои едната ќе биде воведена за прв пат во светот.
Се очекува да има три модели во рамките на новата серија – Redmi Note 12, Redmi Note 12 Pro и Redmi Note 12 Pro+. Тие се сертифицирани со поддршка за брзо полнење со 67W, 120W и 210W. Според гласините, уредите ќе користат чипсети од MediaTek.