Интернетот е мрежа која никогаш не мирува и каде што безбедноста и приватноста на корисниците се најзагрозени. Еден од начините да ги проверите е опцијата „Јас не сум робот“. Затоа, многумина беа изненадени од тоа што всушност се крие зад квадратчињата кои безброј пати сме ги штиклирале.
Ако сте корисник на интернет сигурно ви се случило при влез на некоја веб страна да ве дочека безбедносна проверка во која е потребно да потврдите дека не сте робот.
Често е проследена и со квадратчиња во кои е потребно да се изберат фотографии од семафори, пешачки премини, трактори и слични предмети, и стана составен дел од нашето сурфање на интернет.
Иако повеќето луѓе настојуваат што побрзо да ја извршат задачата која се наоѓа пред нив, мал број на луѓе размислиле за тоа што се крие зад оваа опција.
Тоа е објаснето во епизода од емисијата „QI“ од 2020-та година, каде водителката Санди Токсвиг открила за што станува збор. Исечок од емисијата сега се појавил на ТикТок, а многу корисници го критикувале тоа што го дознале.
„Не е поентата во означување на тоа квадратче. Вистинската работа е во тоа како што се однесувале пред да го означите“, објаснила Санди, па продолжила:
„Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите детали, но на кратко, го означувате квадратчето и тоа веб место ќе изврши проверка на вашата историја на пребарување“, истакнала таа.
„На пример, пред да го означите квадратчето сте погледнале неколку видеа со мачки, ви се допаднал твит за Грета Тунберг, сте го провериле својот Gmail – сето тоа ги наведува да мислат дека зад екранот се наоѓа човек“, рекла таа.
„Во суштина, кога ќе означите дека не сте робот, ја праќањето страницата да ги разгледа вашите податоци и сама да одлучи за што станува збор. Ако компјутерот не е безбеден, тогаш ве праќа да кликнете на фотографии од противпожарни хидранти“, додава Санди.
Всушност, опцијата „Јас не сум робот“ е само прикриено одобрение на одредена страница да и дадете да ја „прочешла“ вашата историја на пребарување содржини.
Снимката повторно станала актуелна откако ова било тема на австралиските радио-водители Фици и Вип, а многумина биле шокирани од тоа што можеле да го слушнат.
Корисниците изразиле неверување поради ова сознание, прашувајќи се дали станува збор за вистина или не, а многумина заклучиле дека нешто вакво „делува илегално“.
„Чекај, што? Како не сум го знаел ова?“, напишал еден корисник.
„Прв пат слушам за ова. Истражив, и за жал, изгледа дека е точно“, додал друг.
„Ова е тотално нарушување на приватноста“, гласи трет коментар.
Снимката за кратко време собрала преку 3 милиони прегледи.