По заминувањето на Џони Ајв, долгогодишниот креативен лидер и автор на некои од најпознатите производи на Apple, сега неговиот наследник Еванс Хенки ја напушта функцијата директор за индустриски дизајн.
Bo врвот на дизајнерскиот тим на Apple, овие денови настана голема празнина, дознава Bloomberg. Раководството на тимот за индустриски дизајн најпрвин остана без култниот дизајнер Џони Ајв пред три години, но тој до ова лето соработуваше со Apple преку сопственото студио LoveFrom. По раскинувањето на таа соработка, директниот наследник на Ајв, Еванс Хенки, која беше потпретседател на компанијата задолжен за дизајн на производи во последните најави дека го напушта Apple.
Од Apple потврдија дека го Хенки најавила заминувањето од следната година и дека се уште немаат именувано лице кое ќе ја наследи на оваа функција. Од компанијата посочуваат дека нивниот дизајнерски тим го сочинуваат силни лидери и луѓе со децениско искуство, па многу е веројатно некој од нив да раководи со овој оддел. Ханки, велат тие, ќе остане во компанијата и за време на преодната фаза, која би можела да трае околу половина година.
Дизајнот на производите беше столбот околу кој се градеше Apple и неговиот шарен екосистем на производи и услуги уште од времето на Стив Џобс. Џобс и Ајв се одговорни за поставување на темелите на таквиот пристап, со создавање на препознатливите пионерски производи како што се iMac, iPod и iPhone. Apple во последно време не шармира со иновативни дизајнерски решенија во областа на хардверот, критичарите се жалат дека со години продаваат смартфони со идентичен изглед, а повеќе посветуваат време на софтверот и услугите, на кои заработуваат се повеќе и повеќе пари.
Уште една промена на врвот на одделот за дизајн, особено по раскинот на соработката со Ајв, може да биде пресвртна точка во тоа како ќе изгледаат производите на Apple – што, се разбира, многу зависи од тоа кого компанијата ќе постави на таа одговорна позиција и колкаво влијание ќе има новиот лидер ќе има, а колку насоката на развојот ќе ја диктираат Тим Кук и останатото раководство на Apple. Причините за заминувањето на Хенки и нејзините планови за иднината не се откриени.